Карим Бензема повеќе не е фудбалер на Ал Хилал. Францускиот напаѓач и саудискиот клуб меѓусебно го раскинале договорот со непосреден ефект, а искусниот голгетер сега мора да донесе голема одлука за продолжување на кариерата.
Во 2023 година, Бензема го напушти Реал Мадрид и се пресели во Саудиски Ал Итихад, додека во јануари 2026 година направи нов голем трансфер и го облече дресот на Ал Хилал.
Сепак, соработката со клубот од Ријад траеше само шест месеци. Бензема сега е слободен агент, а постои можност веќе и да го одигра последниот натпревар од својата професионална кариера.
„Бензема наскоро ќе објави одлука за својата иднина“, објави Фабрицио Романо.
Според неговите информации, Французинот разгледува две опции – пензионирање или преселба во друг клуб од Саудиска Арабија. Враќањето во Европа, како што е наведено, не е опција.
Веста за иднината на Бензема се појави во исто време кога Ал Хилал го претстави новото засилување Оли Воткинс. Англискиот напаѓач пристигна од Астон Вила, а саудискиот клуб ќе плати околу 60 милиони евра за неговиот трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
