Алиоски – и по вторпат играч на мечот!

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и по вторпат сезоната е прогласен за играч на мечот во Чемпионшип лигата во Англија.

Алиоски во вчерашниот триумф на Лидс од 0-2 на гостувањето против Нотингем го постигна и деби голот за својот нов клуб, само како круна на претходно извонредната партија во која покрај голот имаше и уште четири шута кон противничкиот гол, четири креирани шанси и 35 прецизни додавања.

Сето тоа не остана незабележано од „Скај спорт“ кој и по вторпат го прогласи за најдобар фудбалер на теренот!

Се вчитува...