Алиоски конечно се израдува на победа со Ал Ахли

Езгијан Алиоски конечно се израдува и на првата победа во дресот на Ал Ахли, речиси два месеци откако му се приклучи на овој тим во Саудиска Арабија.

Ал Ахли и покрај инвестициите во играчкиот кадар дури во осмото коло конечно ја забележа првата овосезонска победа, откако вечерва славеше над Ал Етифак со убедливи 4-0.

Алиоски ги одигра сите 90 минути од оваа средба, на која стрелци за Ал Ахли беа Брадариќ (два), Ал Сомах и Гареб.

Се вчитува...