Алиоски: Ми падна концентрацијата за пеналот, но се вративме и израмнивме – сега само Косово ни е во мислите

ЕКИПА во Тбилиси,

Владимир Булатовиќ

Македонија со реми (1-1) го заокружи првиот мини – циклус од новото издание во Лигата на нации против Грузија, можниот противник и во финалето на плејофот за пласман на ЕП. Но, претходно ни следи дуел со Косово во Скопје.

Езгјан Алиоски беше „виновник“ за пеналот за Грузијците, но, сепак, одигра борбен натпревар, како и сите во националниот тим.

„Имаше пад на концентрацијата од моја страна, се се случи во неколку секунди. Но среќен сум што потоа се вративме на најдобар начин, израмнивме и одигравме навистина борбено еден тежок натпревар. За нас овие две средби беа важни да се вратиме резултатски на добар начин. И успеавме со тоа, со четири бода. Сега се фокусираме само на Косово. Веруваме во нашите квалитети и ќе дадеме максимум да победиме и да се пласираме во финалето од Лигата на нации како би дошле до посакуваната цел – пласман на ЕП“, изјави Езгјан Алиоски. 

Се вчитува...