Алиоски на „радарот“ на Верона!

Езџјан Алиоски, македонскиот репрезенативец во јануарскиот преоден рок би можел да се пресели во Серија „А“ и да потпише за тимот на Верона. Согласно најавите, скаутингот на Верона го забележал Алиоски како потенцијално засилување. Италијанскиот тим е во потрага по левокрилен фудбалер, кој може да помага и во одбраната. Во моментов во овој тим на таа позиција игра Дарко Лазовиќ, но на Верона и треба уште еден фудбалер.

Алиоски на почетокот на сезоната замина во Ал Ахли, но сега брзо би можел да се врати во Европа, и да се „проба“ во Серија „А“. Алиоски четири години беше дел од Лидс, за кој одигра преку 160 натпревари и постигна преку 20 гола. Во минатото играше за Лугано, Шафхаузен и за младинскиот тим на Јанг Бојс.

Алиоски за националниот тим на Македонија има одигрнао 54 натпревари, и постигнато 12 голови. Беше стандарден на ЕВРО 2020, како и во овие квалификации.

Верона во моментов е на 10. позиција на табелата со 23 поени.

Се вчитува...