Алиоски: Најмалку е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме во Израел

Македонската сениорска репрезентација денеска ги продолжи подготовките за квалификацискиот натпревар против Израел кој ќе го одиграме на гостински терен на 2. септември во Хаифа.

Крилниот офанзивец Езгијан Алиоски се надева дека гол-формата ќе ја продолжи и во репрезентативниот дрес. Алиоски викендов го постигна својот прв гол во дресот на англискиот Лидс во Чемпионшиплигата, верувајќи, како што вели, дека сега во ист ритам како и во своите клубови репрезентативците ќе продолжат и во репрезентацијата.

„Јасно е дека не очекува тежок натпревар, но ние одиме на три бода. Во овој македонски тим има квалитет, младите фудбалери носат нова енергија и се надевам дека конечно и резултатски ќе поминеме добро. Сакам да постигнам гол, но на крајот тоа е помалку важно, најбитно е да победиме, сеедно кој ќе биде ефикасен“ – вели Алиоски.

Се вчитува...