Алиоски не запира, му даде гол и на шампионот Базел

Езгијан Алиоски со право го доби епитетот „откровение во швајцарското првенство“ откако македонскиот репрезентативец продолжи со одличните настапи за Лугано и на денешниот натпревар против Базел, што заврши без победник 2-2.

Актуелниот првак на Швајцарија делуваше сигурно на патот кон нова победа стигнувајќи до водство од 0-2, пред Алиоски со прецизно изведен пенал да намали на 1-2. Тој гол им даде самодоверба на домашните фудбалери, кои тргнаа во офанзива, па преку Садику успеаја да стигнат до бод.

Со ова реми Лугано уште повеќе си ги зголемува шансите за пласман во Лигата на Европа следната сезона, но интересно ќе биде да се види дали Алиоски ќе остане во истиот клуб сооглед на сериозниот интерес од тимови ширум Европа за одличниот македонски офанзивец.

Се вчитува...