Алиоски: Ова е специјален момент за сите нас, ќе се бориме од срце за позитивен резултат на „Олд Трафорд“

ЕКИПА во Манчестер,

Владимир Булатовиќ

Езгијан Алиоски долги години играјќи за Лидс остави силна трага во островскиот фудбал и Премиерлигата.

Популарниот Џани верува дека секој од македонските репрезентативци ќе даде се од себе на утрешниот натпревар, затоа што „Олд Трафорд“ и Англија се огромна мотивација кај секој од фудбалерите.

„Ги гледам денеска сите мои соиграчи и може слободно да кажам дека ова е специјален момент за сите, посебно за играчите кои се првпат во Англија и гледале натпревари на овој терен од Лигата на шампионите и од Премиерлигата. Јасно е дека се возбудени, сите ќе уживаме, а ако сме подготвени ментално и имаме дисциплина, можеме да направиме нешто тука. Сите знаеме дека нема да биде лесно, дека Англија е голем фаворит, ама ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме. Затоа дојдовме тука, да играме“ – изјави Алиоски.

Се вчитува...