Алиоски: Оваа Македонија верува во неверојатното, го сонува и живее невозможното!

Фудбалската репрезентација на Македонија направи вистинска сензација во Палермо, па по победата над Италија (0-1), „црвено-жолтите“ го продолжуваат сонот за историскиот пласман на големиот Мундијал.

Следен предизвик за Македонија ќе биде силната Португалија, а во пресрет на овој натпревар, се огласи и Езгиан Алиоски кој најави дека за овој тим ништо не е невозможно.

„Со овој тим, можеме да веруваме во неверојатното, да го сонуваме и живееме невозможното“, изјави Алиоски.

Офанзивниот бек одигра одличен натпревар против Италија, успеа да се снајде во дефанзивната улога и со „чудесни“ интервенции го бранеше голот на Столе Димитриевски.

Се вчитува...