Алиоски: Последните порази се освестување, знаеме дека мораме многу подобро

ЕКИПА во Израел, 

Никола Ѓуровски

Последниот пораз од Австрија беше болен за целокупната фудбалска јавност, но пред се за репрезентативците кои не беа на посакуваното ниво. Езгјан Алиоски е убеден дека од тој неуспех се извлечени неопходните поуки, па Македонија ќе се покаже во многу подобро светло на гостувањето во Израел.

„Атмосферата во националниот тим е добра, но оние порази од Полска и особено од Австрија малку како да не освестија. Сега сите знаеме дека ќе мораме многу подобро да одиграме со Израел и со Летонија доколку сакаме да се вратиме на победничките патеки. Подготвени сме, максимално мотивирани, Израел ќе игра пред домашна публика, меѓутоа ќе мораме сето тоа да го издржиме, да покажеме карактер и квалитет ако сакаме да извлечеме поволен резултат“ – изјави Алиоски.

Натпреварот меѓу Израел и Македонија на програмата е в четврток со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...