Алиоски пред деби настап, Македонецот во тимот на Фенер за дуелот со Австрија Виена

Македонскиот фудбалер Езџан Алиоски како ново засилување на Фенербахче се наоѓа пред деби настап во дуелот со Австрија Виена во рамки на плеј-офот за пласман во Лига Европа.

Нашиот репрезентативец ќе го чека својот прв настап за турскиот гигант утревечер, вака барем известуваат турските медиуми. Тренерот Жорж Жезус ќе одлучи дали ќе му даде минутажа на нашиот интернационалец.

Езџан во последен момент беше вклучен во тимот кој ќе патува за австриската престолнина. Дуелот меѓу Австрија Виена  и Фенер е закажан со почеток од 21.00 часот.

Се вчитува...