Алиоски се враќа во репрезентацијата за мечот со Шкотска

Фудбалската репрезентанција на Македонија се подготвува за третиот натпревар од Лигата на нации, Б-дивизија во кој на домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Шкотска, натпревар кој е закажан за утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

По двата воведни порази против Швајцарија и Шкотска и шест натпревари во низа без постигнат гол, ја чекаме Шкотска која што исто така се мачи во последно време, посебно во нападот.

Селекторот Гоце Седлоски изјави дека на овој меч ќе може да смета и на Џани Алиоски, кој поради ситна повреда ги пропушти мечевите со Швајцарија и Словенија.

„Џани Алиоски се враќа на тренинзите и ќе биде подготвен за мечот со Шкотска“, изјави накратко Седлоски.

Се вчитува...