Алиоски се врати во Прилеп и се вклучи во акцијата за помош на Дејан

Само неколку часа по несаканиот инцидент во ресторанот „Ла Страда“, македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски синоќа повторно се врати во Прилеп овој пат вклучувајќи се во хуманитарната акција за помош на Дејан.

Алиоски, сакајќи да го остави немилиот настан зад себе, рече дека секогаш кога ќе може и му дозволува времето ќе се вклучува во хуманитарни акции за својот Прилеп, а инцидентот сака да го остави зад себе како една несакана епизода.

Македонскиот репрезентативец, кој во центарот на Прилеп беше пречекан од бројни навивачи на македонската селекција, подари и дрес од Лидс како гест за стоп на предрасудите и говорот на омраза.

Алиоски синоќа во присуство на својата мајка и татко и двајца блиски пријатели, како што самиот ни изјави, бил избркан од ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп затоа што зборувал на албански јазик.

Се вчитува...