Алиоски: Силата на Македонија е во нејзиното заедништво

Македонија се пласираше во баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година откако славеше над Исланд со 3-1.

Стрелец на првиот гол за Македонија беше Езгјан Алиоски кој по мечот изјави дека ништо не е случајно во оваа репрезентација и се е постигнато поради напорната работа.

„„Одиме чекор по чекор. Во македонска фудбалска репрезентација многу се смени генерално, од стручен штаб, претседател, надвор од тимот и други што работат и се гледа. Не е само ние да играме надвор, и тоа да биде успех. Силата е во заедништвото. Тоа е нешто што недостасуваше пред 6-7 години. Сега мислам дека тука сме кај што треба да бидеме, и секогаш можеме да бидеме подобро, но далеку е Катар, затоа што во баражот ќе ни биде тешко. Но, треба да веруваме во нашиот тим, во нашиот квалитет. Сега ни треба поддршка, да биде публиката позади нас“, вели Алиоски. 

Голот кој што го постигна Алиоски го прославија и навивачите на Лидс јунајтед…

„Уште го сакам Лидс и тоа е нормално да навиваат за мене. Знаеме каков квалитет имаме и сето шо напраивме е ради нашатс голема работа. Сите мислеа дека на среќа отидовме на европско, но ние покажавме дека сме квалитетни и зошто да не отидеме и во Катар“, заврши Алиоски. 

Се вчитува...