Алиоски слави јубилеј – „стотка“ во дресот на Лидс

Езгијан Алиоски на утрешниот натпревар против Дерби ќе прослави фантастичен јубилеј, 100 средби во дресот на Лидс јунајтед. Македонскиот репрезентативец пристигна на „Иланд роуд“ од редовите на Лугано, по што во изминатиот период важи за еден од најстандардните фудбалери во тимот на Лидс.

„Секако дека сум горд што ќе стигнам до бројката од 100 меча, јас сум горда кога и да го облечам дресот на Лидс. Чест ми е што стигнав до 100 натпревари, но исто така и се надевам дека ќе одиграм најмалку уште 100 за овој клуб. Лидс ме промени, ми помогна да напредувам во кариерата, да играм на повеќе позиции. Згора на тоа, ги има најдобрите навивачи што ги имам сретнато во животот“ – изјави Алиоски во пресрет на утрешниот дуел со Дерби.

Тој не го крие задоволството што на „Иланд роуд“ има можност да работи со врвно тренерско име како Марсело Биелса.

„Влијанието на Биелса врз сите нас е огромно. Сега веќе подолго време сме заедно, знаеме што бара од нас, сите сме големо семејство и си помагаме за да ги оствариме зацртаните цели. Главен проблем ни е да го отвориме резултатот, тешко постигнуваме голови против дефанзивни екипи, но ако успееме да го најдеме патот до мрежата, потоа многу полесно стигнуваме до втор или трет гол“ – открива Алиоски.

Се вчитува...