Алиоски со нова понуда од Турција

Езгијан Алиоски нема да се пресели во редовите на Трабзонспор, но македонскиот репрезентативец повторно е актуелен на турската фудбалска сцена откако во меѓувреме доби нова интересна понуда, и тоа од екипата на Анкарагучу.

Станува збор за тим од средината на табелата, кој нема амбиции за борба за врвот, но од друга страна е подготвен да му гарантира на Алиоски првотимски статус, нешто што би било добредојдено за нашиот лев бек кој повеќе од шест месеци е без клупски натпревар откако Ал Ахли го изостави од првиот тим поради преголем број на странски играчи во тимот.

Нашиот репрезентативец веќе имал разговори и со тренерот на Анкарагучу, легендарниот Емре Белозоглу, по што шансите за овој трансфер уште повеќе се зголемиле.

Алиоски е крајно незадоволен од челниците на Ал Ахли, од кои побарал или да биде вклучен во првиот тим или да му биде раскинат договорот. Сепак, во меѓувреме тој ја продолжува потрагата по нов клуб, а како што стојат работите тоа многу лесно може да биде токму Анкарагучу.

Се вчитува...