Алиоски со порака до Биелса: Засекогаш ќе ти бидам благодарен за она што го направи за мене…

Езгијан Алиоски со порака преку социјалните мрежи јавно му изрази благодарност на Марсeло Биелса откако аргентинскиот стручњак утрово доби отказ во Лидс Јунајтед.

Алиоски најдобрите моменти во кариерата ги мина токму под водство на Биелса, заедно обезбедија влез од Чемпионшип во Премиер-лигата, а потоа и бележеа одлични резултати во елитното друштво.

„Засекогаш ќе ти бидам благодарен за она што го направи за мене! Ми беше чест да играм за тебе, да учам од тебе. „Грацијас“, Марсело Биелса“, напиша Алиоски на својот профил на твитер, објавувајќи заедничка фотографија со аргентинскиот стручњак.

Се вчитува...