Алиоски стартер, Лидс до победа за прво место

Езгјан Алиоски се појави во стартниот тим на Лидс и ги одигра сите 90 минути во победата од 1-0 над Брентфорд, со која екипата на Марсело Биелса се искачи на првото место во Чемпионшип-дивизијата.

Алиоски се мачи со повреда од финишот на ланската сезона, поради тоа првите натпревари на почетокот од месецов ги стартуваше од клупата за резерви, но македонскиот репрезентативец полека, но сигурно си го враќа првотимскиот статус. Лидс долго се мачеше да го скрши отпорот на Брентфорд, за на крајот патот до мрежата да го најде младиот Нкетиа, кој пристигна на позајмица од Арсенал.

По првите четири кола Лидс е на врвот на табелата со десет бода, исто колку и Свонси, додека Фулам досега собра девет бода на своето салдо.

Се вчитува...