Алиоски стрела од далечина за Ал Ахли… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски постигна уште еден погодок за Ал Ахли, овој пат во поразот од Ал Наср Ријад во 13. коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

Алиоски во 84. минута мајсторски погоди со шут од 18 метри, но сето тоа беше недоволно да се избигне поразот на домашен терен од 1-2.

 

Ал Ахли во моментов е на деветтото место со 15 бода во првенството на Саудиска Арабија.

Се вчитува...