Алиоски стрелец за Лугано во победата во Купот на Швајцарија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски беше стрелец за Лугано во убедливата победа на неговиот тим во 1/16-финалето од Купот на Швајцарија.

Лугано триумфираше со 0-4 на гостувањето против нисколигашот Пули, за пласман во осминафиналето во Купот.

Алиоски, како капитен на својот тим, погоди во 16.минута од пенал, за 0-2 во тие моменти за Лугано.

Се вчитува...