Алиоски во стартниот тим – Лидс и го нанесе првиот пораз на Астон Вила (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се најде во стартната постава на Лидс Јунајтед, кој славеше на гостувањето кај Астон Вила со 0-3 во 6. коло од англиската Премиер-лига. Лидс и го нанесе првиот пораз на Астон Вила сезонава, а херој на гостите беше Патрик Бамфорд кој забележа хет-три. Првиот гол го постигна во 55. минута, вториот дванаесет минути подоцна, додека конечните 0-3 ги постави во 74.минута. Македонскиот интернационалец ги одигра сите 90. минути, а во 55. заработи жолт картон.

Со овој триумф Лидс изби на третата позиција на првенствената табела со 10 бода, односно два помалку од денешниот противник кој останува второпласиран.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...