Алиоски во тимот на колото во Саудиска Арабија

Езгијан Алиоски од самиот почеток на авантурата во Саудиска Арабија се наметнува како еден од лидерите на тимот на Ал Ахли. Тој беше стрелец на гол од пенал на дебито за новиот клуб, а веќе на вториот одигран меч македонскиот репрезентативец се избори и за место во идеалниот тим на третото коло од шампионатот.

Алиоски беше импресивен на дуелот против Дамак, на кој Ал Ахли и покрај големата иницијатива не успеа да стигне до цел плен ремизирајќи 1-1.

Ал Ахли неочекувано по три кола се наоѓа на дванаесеттото место на табелата со само три освоени бода (три реми натпревари со гол-разлика 4-4).

Се вчитува...