Алиоски во тимот на сезоната во Саудиска Арабија!

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски се најде во тимот на сезоната во Саудиска Арабија. Членот на Ал Ахли после само една сезона мината во овој тим, веќе ги освојува симпатиите со своите игри.

Алиоски со Ал Ахли во моментов е на второто место на табелата, а до крајот на сезоната има уште четири кола во кои ситуацијата може да се смени. Во моментов Ал Ахли заостанува шест бодови од првопласираниот Ал Итихад.

Алиоски дојде во Ал Ахли на почетокот на сезоната од Лидс како слободен играч. Постигна шест гола и забележа седум асистенции.

Покрај нето, во тимот на сезоната во Саудиска Арабија се најдоа и добро познатите играчи како Банега, Талиска, Игало и Стојковиќ. Покрај овие петмина, во најдобриот тим имаше место и за Ромарињо, Куева, Енрике, Хегази, Чафал и Давсари.

Се вчитува...