Алиоски: Во животот ништо не е случајно, ова е резултат на нашата работа

Фудбалската репрезентација на Македонија со вчерашната победа над Ерменија во Ереван (0-5) си го отвори патот кон баражот за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.

Бекот на репрезентацијата, Езгјан Алиоски вели дека ништо во животот не е случајно и дека сето ова е резултат на големата работа.

„Не беше лесно, во овој момент сме многу среќни. Во животот нема ништо случајно. Ова е резултат на нашата работа, ова е показател на нашиот квалитет. Блиску сме до уште еден историски чекор. Оптимист сум дека ќе победиме против Исланд. И да не победиме, имаме резултати кои ни носат најдобар скор во мундијалските квалификации. Сакаме да одиграме против Исланд како и на дуелот во Ерменија. Нема фаворити во фудбалот. Сите мислиме деак ќе победиме, но треба да одиграме тимски. Ќе играме за победа и за историја, тоа ни е голема мотивација“ , вели Алиоски. 

Македонија историскиот натпревар против Исланд ќе го игра во недела на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.

 

 

Се вчитува...