Алисон Бекер му подари гол на Јунајтед, Лингард не му прости (ВИДЕО)

Ливерпул се ослободи од Лорис Кариус и го купи Алисон Бекер од Рома во рекорден трансфер, но и тој не е имун на „киксови“ и лесно примени голови. На дербито против Манчестер јунајтед кое се игра на „Енфилд Роуд“, Алисон Бекер со лоша реакција буквално му подари гол на противникот. Тој ја испушти топката од раце по еден центаршут, таа дојде до Џес Лингард, на кого не му беше тешко да ја испрати во мрежата во 33.минута.

Ливерпул поведе со голот на Садио Мане во 24.минута од мечот, а по првиот дел резултатот е нерешен, 1-1.

Се вчитува...