Алисон Феликс ја завршува кариерата како најтрофејна атлетичарка на Олимписките игри

Алисон Филикс ја завршува својата уникатна атлетска кариера како најтрофејната спортистка во историјата на Олимписките игри, откако денеска го освои својот 11-ти медал со штафетата на САД на 4-400 метри и ја надмина легендата Карл Луис, кој има десет олимписки медали во својата кариера.

35-годишната Феликс, за која првото олимписко учество беше во 2004 година во Атина, денес го освои својот седми златен олимписки медал, откако американскиот квартет на 4х400 метри во женска конкуренција победи со 3:16,85 минути.

Штафетата на Послак заврши на второто место, со нов национален рекорд од 3:20,53 минути. Третата позиција и бронзениот медал и припадна на претставничките на Јамајка со 3:21,24 минути.

Се вчитува...