Алисон на „погрешна нога“, Бернат донесе водство на ПСЖ

ПСЖ поведе во раната фаза од дерби-дуелот со Ливерпул откако Бернат веќе во 13. минута го најде патот до мрежата на Алисон Бекер.

Акцијата ја почна Верати кој го проигра Мбапе, па откако Ван Дајк не ја расчисти најдобро опасноста топката стигна до левиот бек на „светците“, кој шутираше до првиот дирек, фаќајќи го на „погрешна нога“ гостинскиот голман, за еуфорија на „Паркот на принцовите“.

 

Се вчитува...