Алкалоид без проблеми до убедлив триумф во Струга

Екипата на Алкалоид без проблеми стигна до победата на гостувањето во Струга. Избраниците на Кире Лазаров уште по првиот дел решија голем дел од работите и имаа предност од пет разлика, за на крајот се стекнат и со двоцифрена предност.

Гол за гол се играше само во првите минути, а потоа на крајот од првиот дел и на почетокот на вториот, Алкалоид ја направи разликата, која само ја зголемуваше до крајот.

Најефикасен на средбата беше Дамјан Митев кој постигна седум гола, по пет дадоа Кофиловски и Џонов. Кај Струга најефикасен беше Тренчевски со шест гола.

Се вчитува...