Алкалоид броеше до 51 во победата над Астраион

Алкалоид продолжува со супериорните настапи на почетокот од прволиашката сезона откако новоформираниот клуб во третото коло ја забележа и третата поеда. Избраниците на тренерот Савевски денеска за ривал го имаа ланскиот суперлигаш Астраион, кому со леснотија му дадоа 51 гол за убедлив триумф од 51-20.

Гостите од Струмица допатуваа во Скопје со само 12 ракометари, со кои нема сили да му парираат посериозно на фаворитот. Мечот беше израмнет само десетина минути, откако по минималното водство од 6-5 следеше серија на Алкалоид од десет гола во низа, со што практично беа решени сите дилеми околу победникот. На одмор се замина со водство на домашниот состав од 19-9, за Алкалоид да одигра уште подоминантно во вторите 30 минути, за кои постина дури 32 гола, за преубедлив триумф.

Александар Стојков ги предводеше стрелците кај Алкалоид со 11 постигнати гола, по седум реализираа Кофиловски и Илиески, додека шест голови постигна Димовски. Прв стрелец на Астраион на денешниот меч беше Ончев со девет погодоци.

Се вчитува...