Алкалоид е европски вицешампион во шах!

Шахистите на Алкалоид и втора година по ред запишуваат извонреден успех на европската шаховска клупска сцена. Алкалоид оваа година на Европскиот куп во Анталија, Турција, не успеа да ја одбраната титулата освоената минатата година, но стигна до вицешампионската круна, што е нов извонреден резултат за македонскиот спорт!

„Фармацевтите“ со денешната победа од 4-2 во последното коло на Купот против Баја Мара успеаја во самиот финиш да се пробијат до втората позиција на табелата, стигнувајќи до вицешампионскиот европски трофеј, веднаш зад шампионот руски Глобус кој и пред стартот, според рејтингот, беше прв фаворит за титулата.

Alkaloid - Baia Mare

Во денешното последно седмо коло, Алкалоид славеше против Баја Мара, додека Глобус беше подобар со 4,5-1,5 од Легаси Капитал, па со 12 бода Русите го освоија првото место и европската шампионска титула. Алкалоид на крајот со 11 бода го освои второто место, а како трет заврши азербејџанскиот Одлар Јурду исто така со 11 бода, но послаб број на индивидуални поени од македонската екипа.

alkaloid

Вториот македонски претставник на турнирот, екипата на Гамбит Асеко денеска доживеа пораз од 2-4 од Бер Шева, па со 7 бода на крајот заврши на делба на 17. место од вкупно 36 екипи колку што учествуваа на Купот.

Се вчитува...