Најтрофејниот македонски шаховски колектив – ШК Алкалоид, го заврши настапот на Светското екипно првенство за сениори со делба на осмото место, каде што репрезентациите на САД и Италија го поделија првото место, а Казахстан беше трет.
За утеха, во конкуренција на повеќе светски репрезентации, ШК Алкалоид е најдобро рангираниот клуб, бидејќи следниот Универзитат Политекника Каталуња е зад нив со послаб тај брејк.
На турнирот за играчи над 65 години, Германија го освои првото место со Артур Јусупов на првата табла, Италија е втора со 14 бода, додека Исланд „го украде“ бронзениот медал како најдобар од четирите екипи со по 13 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
