Алкалоид „гази“ се пред себе: Совладан и моќниот руски Санкт Петербург

Шахистите на Алкалоид ја запишаа и четвртата победа на Европскиот куп на шампионите кој се одржува во Порто Карас, Грција, славејќи против една од најдобрите европски екипи, рускиот Медни Всадник – Санкт Петербург.

„Фармацевтите“, по претходните три убедливи победи, денеска победија со 3,5-2,5 против Русите. Извонредна победа на првата табла забележа Лирен Динг и тоа против еден од најдобрите светски шахисти Петер Свидлер (2756). Победа славаше и Петар Елјанов на петтата табла, а единствено загуби Јури Криворучко на шесттата табла од ВМ Алексеенко.

Па, по 4. коло, Алкалоид заедно со италијанската Падова се единствените две екипи со максимален ефект и 8 бода на врвот од табелата. Токму, во 5. коло Алкалоид го очекува пресметката со Падова во чии редови настапуваат ВМ Ванг Хао (2722), ВМ Петар Леко (2690), ВМ Валехо Понс (2713)…

Вториот наш претставник на Купот на европските шампиони, ШК Гамбит исто така запиша победа од 3,5-2,5 против естонскиот Реавл Спорт.

Габит по четири кола има 5 бода, две победи, реми и еден пораз.

Се вчитува...