Алкалоид ги започна подготовките за новата сезона (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометниот клуб Алкалоид предводен од легендата на македонскиот ракомет Кирил Лазаров денеска ги започна подготовките за новата сезона во која младиот скопски тим ќе испише и историја со официјален настап во европските натпреварувања во Европската лига на ЕХФ.

Првиот дел од подготовките ракометарите на Алкалоид ќе ги одработат во Скопје, а во вториот дел ќе бидат одигрни пријателските натпревари. Од 16. до 20. август избраниците на Лазаров ќе настапат на турнирот во Струга, а потоа и во Хрватска каде ќе бидат одиграни натпревари со Нексе, ППД Загреб, Сесвете и со словенечката екипа Добова.

 

Се вчитува...