Алкалоид го „скрши“ Е.Пелистер 2

Ракометарите на Алкалоид го победија составот на Еуфорафм Пелистер 2, потешко од очекувањата со 29-27. Клучна беше предноста од првиот дел, а во вториот вториот тим на пелистерци се обидоа и на неколку пати го стигнаа противникот, но не дојдоа до позитивен резултат.

Мечот почна гол за гол, а во финишот избраниците на Кирил Лазаров додадоа гас за предност од два разлика. Во вториот дел Алкалоид стигна неколку пати до четири разлика, а потоа и до шест разлика (28-22), по која немаше враќање за гостите.

Најдобар стрелец беше Давид Савревски со пет гола. Кај гостите Павле Петровиќ постигна осум гола.

Се вчитува...