Алкалоид и Охрид носители во ждрепката за ЕХФ Купот

Македонските суперлигаши Алкалоид и Охрид ќе ја имаат улогата на носители на утрешната ждрепка за третото коло од ЕХФ Европскиот куп.

Токму овие две екипи се освојувачи на големиот трофеј во последните две сезони, во претходната рунда со по две убедливи победи ги минаа ривалите, па „сино-белите“ од скопска Автокоманда и од Охрид се право се вбројуваат меѓу кандидатите за висок пласман и во новата сезона.

Фактот дека се носители на оваа ждрепка би требало да им донесе нешто полесни ривали на македонските клубови, кои имаат бројни потенцијални противници од самиот регион (Горица од Хрватска, Слога Добој од БиХ, Ловќен од Црна Гора, Дубочица од Србија…), а како тим што сигурно нема да го посакуваат е грчки АЕК, ривалот што се сретна со Алкалоид во финалето пред две сезони.

Се вчитува...