Стен Вавринка ја заврши кариерата и замина во легендите (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во историјата кој никогаш не бил прв или втор на светот, Стен Вавринка влезе во легендите. Феноменалниот Швајцарец синоќа во Базел го одигра последниот натпревар во својата кариера. Тој загуби во првото коло од Јиржи Лехечка со 7-5, 7-6 (7-2), вложувајќи ги сите сили за да го одложи своето пензионирање, но не успеа.

„Во текот на целата кариера сакав само едно, секогаш да го давам својот максимум, за никогаш да не зажалам за ништо. Секогаш да се борам, секогаш да давам 100 проценти. Од почит кон себе, кон противникот, кон турнирот, кон навивачите“, изјави 41-годишниот тенисер.

Вавринка освои три гранд-слем титули, што само по себе е голем успех, но не смееме да заборавиме дека тој ги освои во времето на „Големата тројка“ најсилната генерација во историјата на тенисот.

Покрај својот неверојатен борбен дух, Вавринка зад себе остави и порака дека никогаш не е доцна за голем успех. Ако се земе предвид дека Бјорн Борг се пензионираше на 26-годишна возраст, а Вавринка ја освои својата прва гранд-слем титула два месеци пред да наполни 29 години, станува јасно колкаво достигнување е тоа особено во спорт каде што се смета дека големите кариери започнуваат во раните дваесетти години, па дури и порано.

Иако својот прв голем трофеј го освои против Рафаел Надал во 2014 година, тој најави голема промена во својата кариера преку натпреварите против својот голем пријател Новак Ѓоковиќ. Се до зимата 2013 година, Вавринка важеше за просечен играч со само четири освоени титули од серијата 250, но во Мелбурн одигра неверојатен меч против Ѓоковиќ, кој веќе имаше три титули, од кои две последователни.

Играјќи феноменално, тој беше на прагот да поведе со 2-0 во сетови, но Ноле на волшебен начин успеа да се врати и подоцна ја освои својата трета последователна титула. Никој ниту претпоставуваше што следува потоа. Кариерата ја заврши со три гранд-слем трофеи на Австралија опен, Ролан Гарос и УС опен.

Се вчитува...