Портланд му го нанесе првиот пораз ЛА лејкерс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го забележаа првиот пораз сезонава откако синоќа во неизвесен меч загубија на домашен терен од Портланд трејлблејзерс со 129-136.

Авдија и Морант со по 23 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените недоволен беше 41 поен на Лука Дончиќ.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бостон – Бруклин 125-124, Њујорк – Детроит 111-97 и Сан Антонио – Сакраменто 130-103.

Се вчитува...