Поразот од Галатасарај значеше крај за тренерот на Фенербахче

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче го отпушти тренерот Исмаил Картал, еден ден по поразот од 1-2 во првенствениот натпревар против лутиот ривал Галатасарај. По овој резултат, Фенербахче падна на петтото место на табелата, со заостанување од шест бода зад Галатасарај.

Ова беше четвртиот, а воедно и најкраткиот мандат на Картал на клупата на Фенербахче. Тој ја презеде функцијата на почетокот на сезоната, но не успеа да се задржи ниту четири месеци.

Картал првпат го предводеше Фенербахче во сезоната 2014/15, кога остана на чело во текот на целата сезона; потоа следеше ангажман од јануари до мај 2022 година, додека третиот престој на клупата беше во текот на целата сезона 2023/24.

Се вчитува...