Матлиески го објави списокот на ракометари во репрезентацијата до 16 години за ЕХФ неделата

Селекторот на машката пионерска ракометна репрезентација на Македонија (ракометари до 16 години), Никола Матлиески, го објави списокот од 16 повикани играчи за претстојните активности во рамките на ЕХФ неделата и дебитантскиот настап во новоформираната Регионална лига.

Собирот на најмладата национална селекција е закажан за вторник, 3 ноември, со почеток во 10 часот, кога и официјално ќе започнат подготовките за претстојните мечеви.

Македонија е сместена во групата Ц од Регионалната лига, каде за противници ги има селекциите на Црна Гора и Косово. Првиот турнир ќе се одигра во Црна Гора, а македонските пионери својот прв натпревар ќе го имаат в петок против домаќинот. Веќе в сабота, избраниците на Матлиески ги очекува и вториот дуел против репрезентацијата на Косово.

Се вчитува...