Двократниот европски шампион Вардар вeчерва ќе го пречека Мелсунген во последниот натпревар сезонава за скопскиот клуб во Лигата на шампионите. За жал вардарци веќе немаат шанси за пласман во следната фаза во елитата, но убедливата победа на гостувањето кај Нант донесе позитивна атмосфера во таборот на „црвено-црните“.
Тренерот на македонскиот шампион, Иван Чупиќ го најави натпреварот против бундеслигашот…
„Не чека за жал последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген ќе дојде во Скопје да обезбеди пласман во главната фаза. По два порази дома годинава гордоста ни е повредена и на нас и на навивачите и токму тие заслужуваат со победа да ја завршиме лигата на шампиони со победа сезонава“, изјави Чупиќ.
Слично размислува и голманот Милош Валах…
„Го играме нашиот последен меч во ЛШ. За нас шансите се загубени, а Мелсунген игра за пролаз понатаму. Сепак сакаме да завршиме со две победи сезонава, и гладни сме по мечот со Нант. Се подготвуваме бидејќи е многу важна недела пред нас и се надевам дека ќе завршиме со победа“, изјави Валах.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
