Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за подготвителниот собир на националниот тим за двата квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2028.
На списокот на Лазаров се вкупнo 18 ракометари, плус и седум резерви во случај на одредени неочекувани откажувања. На списокот е и новопечениот Македонец, Дмитри Хориха, а меѓу резервите се Никола Митревски и Павле Атанасијвиќ, додека искусниот Жарко Пешевски не е повикан за престојниот собир.
Собирот ќе се одржи на 01.11.2026 (недела) во 14.30 часот во хотел “Александар Палас” во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
