Правнукот на Мусолини постигна деби-гол за Лацио, но не сака да го носи презимето на фашистичкиот диктатор (ВИДЕО)

Италијанскиот фудбалер Романо Флоријани го постигна првиот гол во Серија А за тимот на Лацио во победата над Сасуоло од 6-2.

И веројатно не би било новост ако Флоријани не беше всушност правнук на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини.

„Многу сум среќен што го постигнав тој прв гол, но уште повеќе за оваа победа, која е клучна за нас“, рече Флоријани.

Флоријани помина низ јуниорските категории на Лацио, а пред да се бори за место во тимот, беше и на неколку позајмици.

Во еден момент, додека играше за Јуве Стабија, навивачите на тој клуб „на шега“ го поздравија со поздрав со рака, како што некогаш правеа масите пред неговиот прадедо. И тоа е една од причините зошто Романо одлучи да не го носи своето презиме на дресот.

Лацио продолжува да игра брилијантно оваа сезона и е прв на табелата со 25 бода од девет натпревари.

Се вчитува...