Барселона доби смешна казна поради преговарањето со Алварез

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона е казнет со симболична сума од 602 евра поради обидот да го ангажира аргентинскиот репрезентативец и напаѓач Хулијан Алварез без дозвола од неговиот клуб, Атлетико Мадрид, соопшти Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

Атлетико поднесе жалба до РФЕФ во врска со постапките на Барселона, која се обидела да ангажира играч што има договор со Атлетико до 2030 година, без претходно писмено известување.

Клубот од Мадрид се обрати и до ФИФА, но светската фудбалска организација заклучи дека нема надлежност над овој случај. Пред Алварез сега стои тешка задача повторно да ја придобие наклонетоста на навивачите на Атлетико, а најдобар начин за тоа се головите. Тој постигна погодоци на последните два натпревари, при што особено значаен беше голот во тесната победа од 1-0 против Депортиво ла Коруња, остварена викендов.

Се вчитува...