Ракометарите на Алкалоид без никакви проблеми славеа против Бутел со 32-25 во 7. коло од Суперлигата на Македонија, за продолжување на битката за врвот со Вардар и Е. Пелистер.
Алкалоид го доби првото полувреме со 18-13, уште низ првите 30 минути најавувајќи дека нема да дозволат изненадување. Во второто полувреме се одржуваше и зголемуваше предноста за конечна победа од седум гола разлика (32-25).
Марко Стојковиќ со шест гола од седум обиди беше најдобар кај Алкалоид, а пет гола постигна Ненад Костески. По четири гола постигнаа Карасманакис и Серафимов. Кај уБутел се издвои Тодор Узунчев со седум гола, како и Дејан Михајловиќ со пет гола од пет обиди.
Екипата на Пролет, пак, не успеа да дојде до победа пред своите навивачи против Е. Пелистер 2.
Гостите од Битола славеа со 24-26, и покрај тоа што Пролет имаше предност од 14-13 на полувремето.
Кај Пролет се издвои Давор Палевски со осум гола, а Никола Стоилевски постигна пет гола, додека кај битолчани предводеа Баптисте со шест гола и Ненад Белистојаноски со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

