Алкалоид, Охрид, Бутел и Тиквеш во ЕХФ Европскиот Куп

Дури четири тима од Македонија ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп во новата сезона. Две години по ред пехарот од ова натпреварување доаѓа во Македонија. Најпрво го освои Алкалоид, а во штотуку завршената сезона, пехарот замина во Охрид.

Иако ГРК Охрид чекаше „вајлд-карта“ за учество во ЕХФ Европската лига, но не ја доби, стана јасно дека ќе добие шанса да го брани трофејо од ЕХФ Европскиот Куп. Во истото натпреварување ќе биде и Алкалоид.

Овие два тима, како и Бутел нема да играат во првото коло, односно ќе почнат од второто, додека ГРК Тиквеш ќе стартува од самиот почеток.

Освојувачите Алкалоид и тиквеш ќе бидат во првиот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 14 јули.

Се вчитува...