Алкалоид промовираше две нови имиња за пролетниот дел од сезоната (ФОТО)

Две нови имиња ќе има во екипата на РК Алкалоид во пролетниот дел од сезоната. Алкалоид потпиша договори со Тодор и со Димитар Узунчеви, ракометари кои досега настапуваа за екипата на РК Партизан Гевгелија.

Иако се на возраст од само 17, односно 16 години, важат за едни од најталентираните млади ракометари во државава. РК Алкалоид со нивниот ангажман ја потврдува определбата на младите играчи во Македонија да им овозможи правилен напредок и квалитетни тренинзи, а за македонските репрезентации да обезбеди кадар што ќе треба да го задржи и да го подигне нивото на играта.

„Трансферот во РК Алкалоид за мене е голема шанса за напредок во кариерата. Потпишав договор и веќе тренирам со тимот. Сакам да напредувам. Знам дека ќе биде потребно многу ангажман и жртвување, но подготвен сум за предизвикот“ – вели Тодор Узунчев.

Неговиот помлад брат Димитар го дели задоволството од реализираниот трансфер.

„Одлично сум примен во екипата. Овде се работи на професионално ниво и сметам дека направив вистински избор на клуб за мојот натамошен напредок“ – вели Димитар Узунчев.

Се вчитува...