Алкалоид ремизираше со руски Глобус, утре во битка за титулата!

По освојувањето на европската шампионска титула минатата година, шахистите на Алкалоид утре во последното коло на Европскиот клупски Куп кој се одржува во Анталија, Турција, повторно ќе бијат битка за круната на Стариот континент.

Алкалоид денеска, во претпоследното коло, ремизираше (3-3) со прворангираниот тим на турнирот и најголем конкурент за трофејот, руски Глобус кој е предводен од велемајсторот Владимир Крамник. Партиите на сите шест табли завршија без победник…

Alkaloid - Globus

По ова реми на Алкалоид и Глобус, врвот на табелата го запоседна азербејџанскиот Одлар Јурду кој со 3,5-2,5 славеше против руски Медњи Всадник. Одлар Јурди пред утрешното последно коло има 11 бода пред Глобус кој е со 10 бода и Алкалоид кој има 9 бода. Македонскиот тим е со најголем број освоени индивидуални поени по шестте кола, вкупно 26,5. Глобус има 25,5 поени, а Одлар Јурду е со 25 поени.

Во последното коло, утре од 15 часот, Алкалоид ќе игра со екипата на Баја Маре.

Екипата на Гамбит, пак, денеска ремизираше (3-3) со словачката Дунајска Стреда.

Gambit - Dunajska Streda

Гамбит, по шестте одиграни кола, има 7 освоени бода.

Се вчитува...