Алкалоид со гол од пенал во последните секунди загуби од Целје на „Струга 2022“

Ракометарите на Алкалоид одиграа максимално рамноправен натпревар со словенечки Целје но загубија минимално со 28-29 во првиот денешен натпревар на интернационалниот ракометен турнир „Струга 2022“.

Мечот комплетниот беше во егал низ целиот свој тек, па и на полувремето се замина со 15-15.

Алкалоид беше подобар во второто полувреме, па во завршните десет минути влезе со два гола предност (24-22), но Словенците направија пресврт со серија од 4-1 за да дојдат до предност, а во последните секунди од средбата со гол од пенал Целје дојде до победата.

Александар Стојков со пет гола и Мартин Серафимов со четири беа најдобри поединци кај Алкалоид, а Тилен Стрмљан со пет беше најефикасен кај Целје.

Денешниот дуел го одбележа и исклучувањето на три минути пред крајот на првото полувреме на двајцата тренери Кире Лазаров од Алкалоид и Алем Тоскиќ од Целје, кои влегоа во непотребен вербален конфликт поради што предвреме беа отстранети од мечот.

За Алкалоид ова е втор пораз после вчерашниот од Вардар со 22-24, додека Целје стигна до победа со 30-20 против Бутел. Вечерва Вардар го игра мечот од ова второ коло во групата Б против Бутел и ако слават црвенп-црните, во следното трето коло ќе се води битката за финале во меѓусебната пресметка на македонскиот првак и Словенците.

Се вчитува...