Алкалоид тргна победнички во плејофот: Пролет одигра одлични 20 минути, па на сцена стапи Галевски

Алкалоид ја продолжи победничката серија на македонската ракометна сцена откако актуелниот вицепрвак на победите во Супер-лигата се надоврза со денешниот рутински триумф на гостувањето против Пролет (17-22), во првото коло од плејофот. Пролет одигра импресивно во првите дваесетина минути, но домаќините немаа сили за цел ритам, а Алкалоид предводен од одличниот голман Галевски го сврте резултатот во своја полза и заслужено стигна до победата.

Почетокот на скопската пресметка мина во знакот на домаќините, кои беа ефикасни во нападот, цврсти во одбраната и за десетина минути игра поведоа со 6-3. Алкалоид и со играч помалку се врати и намали на 6-5, но Пролет имаше сила за уште една мини-серија, успевајќи да стигне до 9-6.

Тоа беше се што домаќините успеаја да сторат, бидејќи во последните десетина минути од полувремето Пролет не постигна ниту еден гол, а Алкалоид го искористи тоа за да поведе со 9-10. Серијата одлични одбрани на Галевски продолжи и на стартот од второто полувреме,помагајќи тимот на Кире Лазаров да се одлепи на 9-14. Долгата серија без гол на домаќините конечно беше прекината кога Палевски реализираше пенал во 37. минута за 10-14, но тоа не ги исфрли одритам гостинските ракометари кога станува збор за одбраната, успеаја да го задржат Пролет на само 17 гола на овој меч и заслужено стигнаа до победата.

Се вчитува...