Ракометниот клуб Алкалоид ја започна втората фаза од летните подготовки, стационирајќи го својот комплетен состав во Маврово. По првичните тренинзи реализирани во Скопје, тимот во следниот период максимално ќе се посвети на подигнување на физичката и тактичката подготвеност.
Периодот во Маврово ќе се искористи како подготовка, за пријателските натпревари кои ќе следат. Претстојните мечеви ќе бидат последна проверка за формата на сино-белите пред официјалниот старт на новата сезона, каде Алкалоид го очекуваат сериозни предизвици како на домашната, така и на меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
